И Милвоки ја почувствува моќта на шампионот (ВИДЕО)

Актуелниот шампион во НБА, Оклахома Сити Тандер стигна до 37. победа во сезоната откако ноќеска на гостински терен го совлада Милвоки со 122-102.

Блескаше Шеј Гилџес Александер кој и оваа сезона игра на врвно ниво. Се уште е во тек неговата серија која веќе изнесува 115 натпревари со најмалку 20 постигнати поени, а Канаѓанецот ита кон втората награда за најкорисен играч. 

Оклахома направи огромен чекор кон победата уште во првата четвртина која ја доби со 38-18, а потоа рутински ја одржуваше предноста. Гилџес Александер имаше само три промашувања од игра (14/17 за два и 2/2 за три поени) и го заврши натпреварот со 40 постигнати поени на кои додаде 11 аасистенции и седум скока.

Кај Милвоки се истакна Јанис Адетокунпо кој оствари дабл дабл со 19 поени и 14 скока, но тоа беше далеку од доволно за победа на Милвоки. Оклахома останува најдобар тим во лигата, додека на Бакс им бегаат местата кои водат во разигрувањето за титулата.

РЕЗУЛТАТИ
Шарлот - Кливленд 87-94
Бостон - Индијана 119-104
Њујорк - Бруклин 120-66
Мемфис - Атланта 122-124
Њу Орлеанс - Детроит 104-112
Милвоки - Оклахома 102-122
Сакраменто - Торонто 109-122