Мали се „врати од мртвите“ и го елиминира Тунис од Африканскиот куп на нации
Проблемите за Мали почнаа во 26. минута, односно црвениот картон на Војо Кулибали, а Тунис до предност стигна дури во 88. минута кога погоди за 1-0.
Тунис беше на прагот до пласман во четвртфинале, но потоа еден од дефанзивците несреќно играше со рака во казнениот простор, а судијата покажа на белата точка.
Ласин Синајоко во шестата минута од судиското надополнување погоди за 1-1, а со тоа избори продолженија, каде што резултатот не се менуваше.
Во пенал-рулетот Мали успеа да слави со 3-2 во пенали и така да се избори за четвртфинале на турнирот.
Фото: Facebook/Fédération Malienne de Football