Барселона е главна во Каталонија: Олмо и Левандовски го урнаа Еспањол (ВИДЕО)

Фудбалерите на Барселона триумфираа со 2-0 во каталонското дерби против Еспањол во 18. коло од шпанската Ла Лига.

Еспањол тргна фуриозно во првиот дел и имаше неколку добри шанси, кои беа запрени од голманот Хоан Гарсија.

Барселона се обидуваше да ја пробие одбраната на домаќинот и тоа не ѝ успеваше сè до завршницата, кога Дани Олмо во 86. минута погоди за водство од 1-0.

Само четири минути подоцна следеше нов удар за Еспањол, односно Роберт Левандовски погоди за конечни 2-0.

Барселона е лидер со 49 бодови по 19 одиграни меча, а по нив следи Реал Мадрид со 42 поени и еден натпревар помалку.

Фото: EPA