Навивачите им се „истурија“ на соиграчите на Столе и побараа оставка од тренерот! (ВИДЕО)

Валенсија оваа сезона има ужасни резултати во Ла Лига, а денешниот пораз од 1-4 против Селта ептен ги налути навивачите на шпанскиот клуб.

Навивачите не се задоволни затоа што Валенсија стана кандидат за испаѓање во понизок ранг, па ги дочекаа фудбалерите на тимот со свирежи по срамниот пораз.

„Корберан, оставка“, скандираа навивачите и побараа од тренерот на Валенсија да си замине.

„Лилјаците“ по 18 одиграни кола се наоѓаат на 17. место во Ла Лига со 16 бодови, односно еден поен повеќе од зоната за испаѓање.

Видеото може да се погледне ТУКА.