Падна договор: Ендрик го напушта Реал Мадрид во јануари! (ФОТО)

Новинарот Фабрицио Романо објави дека бразилскиот талент Ендрик во јануари ќе го напушти Реал Мадрид, како што се шпекулираше веќе со недели, а негова следна дестинација ќе биде седумкратниот француски шампион Лион.

Ендрик не добива премногу шанса кај тренерот Чаби Алонсо во Реал Мадрид, па поради тоа ќе ги напушти „кралевите“ во јануари и ќе замине на позајмица до крајот на сезоната.

Лион ќе плаќа 50 отсто од неговата плата и ќе му гарантира одреден број настапи во Лига 1, по што Бразилецот во јуни ќе се врати кај „кралевите“.

Во договорот меѓу двете екипи нема откупна клаузула затоа што Реал го смета Бразилецот за еден од идните лидери на екипата.