ПСЖ на Енрике ќе му понуди договор каков што нема никој друг во светот?
Според последните информации од Париз, поврзаноста помеѓу Енрике и ПСЖ е толку силна што во клубот наводно размислуваат да му дадатт „доживотен“ договор, иако сегашниот му важи само уште една година.
Клубот од Париз, спортскиот директор Луис Кампс и целото раководство е среќно што успеја да пронајдат идеален тренер и не сакаат да остават ниту малку простор за сомнеж околу неговото останување.
Последниот успех Енрике го имаше пред само неколку дена кога со триумфот над Фламенго го одведе ПСЖ до освојувањето на Интерконтиненталниот куп.