Три месеци суспензија за Дејан Манасков!
Суспензии заработија Дејан Манасков од редовите на Пелистер и Крсте Андоновски од страна на домаќините. Манасков помина полошо затоа што е суспендиран на три месеци и во тој период ќе пропушти пет натпревари на Пелистер, три во првенството и два во плеј-офот.
Асистентот на Ројевиќ на клупата на Охрид ќе пропушти три средби и ќе може да се врати на обврските од 14 февруари.
Исто така двата клуба ќе мора да платат и парична казна од по 45.000 денари.
