Секирите се закопани: Винисиус стана „недопирлив“ кај Чаби Алонсо!

Информациите од Мадрид велат дека Винисиус и Чаби Алонсо ги решиле недоразбирањата до тој степен што фудбалерот добил статус на „недопирлив“.

Неодмана односот меѓу Винисиус и Чаби Алонсо беше влошен дотаму што се чинеше дека еден од нив мора да замине од клубот.

Се пишуваше дека Бразилецот е еден од оние кои сакаат Алонсо да замине од клубот и прават опструкции во соблекувалната.

Во меѓувреме недоразбирањата се решени, Винисус ја крева формата на теренот и има комплетна доверба од Чаби Алонсо.

Добил статус на недопирлив, па се очекува во наредните натпревари да биде главен на натпреварите.