Ограбена најзгодната фудбалерка во светот: Следен пат да зачистите малку! (ФОТО)
Леман важи за најатрактивната фудбалерка во светот и често пати токму поради тоа го привлекува вниманието.
На социјалните мрежи редовно објавува фотографии со кои измамува воздишки кај машката популација, меѓутоа сега таа објави дека се соочила и со непријатност. Сепак, иако сигурно не и било пријатно кога ја начекала глетката, имаше порака за крадците.
„Следен пат кога некој ќе ми го ограби домот, барем да земе и да исчисти малку бидејќи имам опсесивно-компулсивно растројство“, објави Леман.

