Поранешниот селектор на Македонија седна на клупата на Јордан

Поранешниот македонски селектор, Зоран Кастровиќ започнува нова епизода во својата тренерска кариера како селектор на Јордан.

Црногорскиот стратег пристигна во главниот град Аман каде што ги договори сите детали и го комплетираше договорот.

Зад себе Кастратовиќ има големо искуство, а тренерската кариера ја градеше и во Македонија каде што освен што беше селектор, ги водеше и клубовите на: Пролет, Метаалург и Вардар.

Покрај тоа работеше и во: Беране, Сутјетска, Будуќност, Ел Џаиш, Ал Мудар и Ал Кадсија.

На репрезентативно ниво беше селектор и на: Иран, Саудиска Арабија и Црна Гора.