Германска ѕвезда фатена со нелегално оружје - мора да плати казна од 450.000 евра!

Германскиот репрезентативец и фудбалер на Борусија Дортмунд, Карим Адејеми бил фатен со нелегално оружје, поради кое ќе мора да плати парична казна од 450.000 евра.

„Билд“ објави дека кај фудбалерот биле пронајдени боксирач и електрошокер, по што му е изречена санкција на младиот фудбалер поради прекршување на германскиот закон.

Директорот на германската фудбалска репрезентација, Руди Фелер го потврди случајот и жестоко го критикуваше германскиот репрезентативец поради неговиот потег.

Фото: EPA