Фалангата пристигна во Кардиф - со нетрпение се чека битката против Велс (ФОТО)

Македонската фудбалска репрезентација вечерва од 20.45 часот гостува во Кардиф, каде што ќе се соочи против Велс во последниот меч од квалификациите за Светското првенство (СП) во обид да го освои второто место во групата.

Нашите репрезентативци ќе имаат поддршка и од трибините, откако веќе македонските навивачи пристигнаа во Кардиф и се подготвуваат за вечерашната битка против домаќинот.

Голем број од македонските фанови пристигнаа од Англија со автомобили и воз со цел да ѝ дадат поддршка на Македонија во важниот натпревар од квалификациите за Мундијалот.