Снајдер со пофални зборови за Јамал: Има потенцијал да го надмине Меси!

Фудбалската легенда Весли Снајдер кажа дека талентираниот фудбалер на Барселона, Ламин Јамал би можел да постигне поголеми успеси од еден од најдобрите фудбалери во историјата, Лионел Меси.

Снајдер вели дека Јамал ќе остане во Барселона најмалку до 2035 година, при што ќе стане еден од најдобрите фудбалери во светот и наскоро ќе ја освои „Златната топка“.

„Сите зборуваме за тоа дали Јамал еден ден може да биде како Меси, но јас веќе мислам дека тој е новиот Меси за Барселона. Заработува многу пари во Каталонија, зошто би размислувал да замине во Англија или Германија? Мислам дека ќе остане уште 10 години во Барселона и ќе го надмине Меси“, вели Снајдер.