Познат составот на Вардар за мечот против Кристијанштад (ФОТО)

Вардар денеска од 18.45 часот ќе се соочи против Кристијанштад во четвртото коло од Европската лига на ЕХФ, а тренерот Иван Чупиќ ги избра ракометарите на кои ќе смета во натпреварот.

Вардар претходно загуби на дуелот во Шведска зашто имаше голем број на технички грешки, но Чупиќ и неговите избраници се надеваат дека тоа е минато и ќе се претстават во најдобро светло во мечот во Скопје.

Кристијанштад е прв со пет бодови во групата, по што следи Вардар со четири, Сесвете со три и Тулуз без поени.