Гарабаја: Во Унгарија ќе биде потешко, тоа е сигурно
Пред вториот натпревар на овие две екипи стратегот на битолската екипа не заборави и да го пофали својот тим.
„Убаво е кога победувате натпревари во Лигата на шампионите, само топ тимови тоа го прават. Задоволни сме од победата во Битола, но исто така внимаваме пред возвратниот дуел. Ќе биде потешко, тоа е сигурно. Добро што се враќаме по оние потешки повреди, тимот е речиси комплетен и така ќе имаме поширока ротација. ПИК Сегед исто така имаше одредени проблеми и ќе видиме што ќе се случува“, изјави Гарабаја.
Смета дека Пелистер има и уште простор за напредок.
„Имаме голем простор за напредок, очекувам да играме подобро во секој нов натпревар. Рано е за конечниот исход во групата, фокусирани сме на секој следен натпревар, ќе се бориме за пласман во втората рунда“, изјави Гарабаја.
Натпреварот во Унгарија е закажанн за в четврток во терминот од 18:45 часот.