Вардар по „одмазда“ против Кристијанштад за враќање на првото место!
Тој натпревар Вардар го загуби поради големиот број технички грешки, токму и поради тоа на вчерашната прес-конференција тренерот Иван Чупиќ потенцираше дека бројот во денешниот дуел мора да се намали.
„Иако немавме многу време меѓу натпреварите, направивме добри тренинзи и одигравме детална анализа. Нападот 6 на 6 беше добар, но имавме многу технички грешки во транзиција и во трчањето - токму тоа го казнуваат скандинавските екипи. Една од главните задачи е поголема дисциплина во трчањето. Пред нашата публика мора да важиме за фаворит и да одиграме за победа“, порача Чупиќ.
Со победа Вардар ќе дојде до шест бода со што би се вратил на првата позиција во групата со бод предност во однос на денешниот противник. Во првите два дуели „црвено-црните“ славеа победи над Тулуз и Сесвете.
Чупиќ и за овој натпревар не може да смета на Борозан, како и на Лазеревски и Еспиња кои подолго време се отсутни.
На табелата во во овој момент Вардар е второпласиран со четири бода, Кристијанштад има пет, Сесвете три и Тулуз е без бодови.