Жестоки критики за Нејмар: Престани да се срамиш и напушти го фудбалот! (ВИДЕО)

Бразилецот Нејмар по натпреварот против Палмеирас се најде во центарот вниманието откако имаше неколку неуспешни обиди за дриблинзи во овој дуел.

Нејмар и не одигра толку лош натпревар, меѓутоа лошите обиди за атракција по кои во минатото беше препознатлив беа причина навивачите одново да „удрат“ по него.

„Тажно е да се гледа ваков Нејмар“, „Братот е толку истрошен“, „Напушти го фудбалот додека е време немој да се срамиш“, „Би требало да се пензионираш додека е време..“

Но, од друга страна, додека навивачите го критикуваат, поранешниот бразилски дефанзивец, Луисао не смета дека Бразилецот разочарал.

„Нејмар играше со своите соиграчи, беше дел од тимот и ја направи задачата на Палмеирас многу потешка“, гласеше неговиот коментар.

Сантос успеа да слави во натпреварот со Палмеирас и со овој триујмф тимот дојде до 16. место на табелата, а во среда Нејмар и друштвото ги чека нов натпревар против Мирасол на домашен терен.