Aбутовиќ: Нема да одиме со „бело знаме“ во Сегед
Во Унгарија ракометарите на македонскиот шампион ќе патуваат со дополнителна мотивација по победата во Битола минатата недела.
„Може да се каже дека ја креваме формата и се радуваме што речиси го имаме комплетниот ростер н а располагање. Стигнавме до можеби најголемата победа досега во елитното натпреварување, секој член на тимо е важен и знаеме дека можеме да се носиме со ривалите. Играме вторпат во седум дена, но сега ќе биде потешко затоа што играме на гости и тие ќе имаат посериозен пристпа. Во Битола ги изненадивме и сигурно нема да одиме кај нив со бело знаме.
Зад нас е периодот на адаптација, добиваме нова филозофија, ги сфативме сите комбинации и направиме добра нализа. Чекориме во нагорна линија и веруваме дека од натпревар во натпревар ќе играме подобро“, изјави Абутовиќ.
Натпреварот во помеѓу ПИК Сегед и Пелистер е закажан за в четврток во терминот од 18:45 часот.