Постигнат договор: Српскиот селектор добива отштета од 1.7 милион евра

Српскиот предводник Вељко Пауновиќ и шпнскот клуб Овиедо постигнале договор за раскин на соработката, а на Пауновиќ и неговиот стручен штаб ќе им биде исплатена сума од 1.7 милиони евра за предвремениот отказ.

Српските медиуми, пренесуваат и дека со тоа е остранета главната пречка за тој да потпише долгорочен договор со Фудбалската репрезентација на Србија која ја водеше на последните два натпревари.

Отштетата ќе биде исплатена во две рати, првата наводно и веќе била исплатена. Така Пауновиќ раскинот на договорот го решил надвор од судска постапка.

Ќе потсетиме, Пауновиќ минатата сезона по 25 години го врати Овиедо во Примера, но сезонава не му одеше најдобро, па раководството одлучи дека е време за негова смена.