Хит изјава на Вучиниќ: Исто како кога девојка носите десет дена на вечера, а на крајот сте само таксист

Репрезентацијата на Хрватска со пресврт славеше победа над Црна Гора со 3-2 во последното коло од квалификациите за СП, а по овој дуел изјава која привлече внимание даде црногорскиот селектор, Мирко Вучиниќ.

Црна Гора имаше водство од 2-0 до 17. минута со погодоците на Милутин Осмајиќ и Никола Крстовиќ, додека за пресврт на Хрватска се погрижија Иван Перишиќ, Кристијан Јакиќ и Никола Власиќ.

Црна Гора имаше одлична прилика да дојде барем до бод во финшот, меѓутоа Милан Вукотиќ не погоди од идеална позиција. Вучиниќ по дуелот се обиде сликовито да објасни како изгледал натпреварот.

„Тоа е како кога некоја девојка носите на вечера десет дена по ред, а на крајот сте ѝ само таксист“, прокоментира селекторот на Црна Гора.

Верува дека натпреварот бил важен за самодовербата.

„Ова беше важен натпревар за самодовербата, игравме против силен противник и докажвме дека можеме да се носиме со сите. Пристапот беше одличен, сепак имаше грешки и падови во играта“, истакна Вучиниќ.