Роналдо не мисли само на фудбал, со Трамп ќе го решава и мирот во светот!

Кристијано Роналдо неодамна зборуваше дека би сакал да се сретне со првиот човек на САД, Доналд Трамп, а на крајот изгледа дека тоа и ќе се случи.

Американските медиуми пренесуваат дека е закажан состанок помеѓу Роналдо и Трамп и тоа за една недела, идниот вторник.

Португалија обезбеди место на Светското првенство наредната година на кое домаќини покрај САД ќе бидат уште Канада и Мексико, а исто така се споменува и можност за пријателски натпревар помеѓу Португалија и САД пред почетокот на Мундијалот.

Роналдо за средба со Трамп зборуваше во интервјуто кое го даде неодамна кај Пирс Морган.

„Целта на сите нас е мир во светот и тој е еден од луѓето кои можат да помогнат светот да се промени. Тоа е мојата цел, да се сретнеме и да зборуваме за мир во светот. Ако можеш тоа да го направиш за мене, тој е некој со кој би сакал да се сретнам“, зборуваше Роналдо кај Морган.

Португалецот исто така додаде дека не му е важно каде средбата ќе се случи. Американските медиуми наведуваат дека Роналдо ќе се сретне со американскиот претседател во истиот ден кога тој ќе има состанок и со принцот на Саудиска Арабија, Мохамед бин Салман.