Во Јунајтед „увидоа“ дека се тапа за фудбал, па решија да се „префрлат“ во – кошарка!

Еден од најдобрите фудбалски клубови во историјата, Манчестер јунајтед, кој во последнава деценија има резултати кои се срам за неговото реноме, реши да направи голем исчекор – создавање професионален кошаркарски тим кој би се приклучил на новиот мегапроект на американската НБА на европскиот пазар.

Оваа иницијатива се оценува како една од најамбициозните спортски експанзии во последната деценија. Првичните информации велат дека Јунајтед веќе поставува организациска база и развива долгорочен план за приклучување во НБА Европа, чиј старт би можел да се случи во сезоната 2027/28. Со тоа, клубот би добил неколку години за оформување на состав, стручна структура и комерцијален модел што ќе одговара на кошаркарските стандарди.

Ваквиот потег е дел од пошироката стратегија на сопствениците да го прошират спортскиот домен на клубот и да ја засилат глобалната присутност на брендот. Одлуката доаѓа во период кога кошарката бележи рекорден раст во Велика Британија – најдобар пример е Лондон, каде што е во подготовка изградба на нова арена со 15.000 седишта вредна две милијарди фунти. Овие сигнали потврдуваат дека британскиот пазар станува зрела почва за развој на врвни кошаркарски франшизи.