Скандал во Подгорица: Хрватите скандираа „Убиј го Србинот“ (ВИДЕО)

Хрватските навивачи  повторно привлекоа внимание на мечот против Црна Гора, откако скандираа „За дом спремни“ и „Убиј го Србинот“.

Српската јавност е бесна поради потегот на навивачите на Хрватска на гостувањето во Подгорица, каде што „коцкестите“ триумфираа со 3-2 во квалификациите за Мундијалот.