Одлично е расположението на последниот тренинг, фудбалерите подготвени за нова радост (ФОТО)

Македонската фудбалска репрезентација вечерва го одржа последниот тренинг пред најважниот натпревар од квалификациите за Светското првенство, против Велс.

Иако Муслиу отпадна од комбинација, а неизвесен е настапот на Јани Атанасов, расположението на стадионот во Кардиф беше извонредно. Сите оние кои му се на располагање на селекторот Благоја Милевски гарантираат максимално залагање со цел да се оствари резултат кој ни одговара во овој момент.

На Македонија ѝ е доволен и еден бод од гостувањето кај Велс за да го освои второто место во групата и да добие, на хартија, полесен ривал во плејофот за пласман на Мундијалот.