Чави контра Лапорта на претседателските избори во Барселона
Ова не е голема новост бидејќи Чави и на претходните избори беше во тимот на Фонт, но претставува изненадување затоа што во меѓувреме, во мандатот на Жоан Лапорта, беше назначен за тренер и безмалку три години ја водеше екипата пред лани на негово место да дојде Ханси Флик. Засега е нејасно дали Фонт, ако победи на претседателските избори, планира да го врати Чави на тренерската позиција или за него е резервирана некоја друга позиција.
Фонт вечерва ја промовира својата програма за кампањата која ќе ја води под името „Ние“.