Лоши вести за Аморим: Најмалку еден месец пауза за Шешко

Летното засилување на Манчестер Јунајтед, Бенјамин Шешко никако да влезе во натпреварувачки ритам откако се пресели на Олд Трафорд.

Напаѓачот досега одигра вкупно 12 натпревари во црвениот дрес, а постигна само два гола и една асистенција, ефект што секако не е според очекувањата од навивачите и стручниот штаб. Својот учинок нема да може да го поправи ни во следниот месец бидејќи најмалку толку време ќе биде надвор од екипата.

Последните информации од Англија велат дека Шешко има повреда на коленото која ќе го оневозможи да настапува во следниот период. Тоа ќе биде хендикеп и за менаџерот Рубен Аморим имајќи предвид дека со ова се намалува неговиот избор во нападот.