Милевски: Не очекувам различен меч од тој во Скопје
Познато е дека Македонија има обезбеден бараж за Мундијалот, но се уште е нејасно од кој шешир ќе ги чека своите ривали. Бод утре против Велс ни го носи второто место во групата и релативно полесни можни противници, ако воопшто постојат такви во оваа фаза.
„Никогаш не недостасува мотивација, кога сте во ситуација да се борите за подобра стартна позиција за плеј офот. Спремни сме, секако ќе уживаме во мечот...
Секогаш морате да бидете дисциплинирани и одговорни Да исполните тоа што се бара од вас. Тоа не е гаранција, но без тоа не можеш да се надеваш на успех. Сите што се во овој ростер се ставени во функција на тимот да биде успешен. Да им посакам здравје на сите мои играчи. Не очекувам различен меч од тој во Скопје. Двата тима се тие. Квалитетот на Велс е неспорен, играат во супер лиги. Имаат одличен селектор, како екипа се одлични. Се надевам дека ќе одговориме и ќе бидеме конкурентни на теренот.
Стилот на Велс е тој што е постојано. Карактерот е тој, мораме да сме спремни за да одговориме на адекватен начин“, рече Милевски на денешната прес-конференција.