Халанд и Мбапе имаат по 55 гола за репрезентациите, Норвежанецот со речиси двојно помалку натпревари
Интересно е тоа што двајцата до моментов двајцата имаат по 55 постигнати голови за своите репрезентации, но далеку поуспешен и поефикасен е норвешкиот фудбалер. Не само поради тоа што е 19 месеци помлад, туку и поради тоа што до бројката од 55 гола стигна со речиси двојно помалку одиграни натпревари.
Мбапе досега за Франција настапил на 94 меча, а Ерллнг Халанд на само 48. Ако продолжи со вакво темпо, кога ќе стигне до бројката на Мбапе, од 94 меча, норвешкиот напаѓач би имал околу 110 гола за националниот тим.
Со тоа тој ќе го нападне и рекордот на Кристијано Роналдо кој до моментов изнеусва 143 гола во репрезентативниот дрес.