Tрагедија го погоди велшкиот фудбал пред натпреварот со Македонија!
Имено, поранешниот репрезентативец на Велс, Род Томас почина во текот на вчерашниот ден на 78-годишна возраст.
Томас важеше за добро познато име помеѓу фудбалските фанови на Островот, а за репрезентацијата на Велс собра вкупно 50 настапи во период од 1967 до 1977 година.
Во кариерата во која играше како дефанзиввец го носеше дресот на: Кардиф, Њупорт Каунти, Дерби Каунти, Глостер сити, Свиндон...како и уште неколку островски клубови.
Со Дерби успеа да ја освои и титулата во поранешната Прва дивизија на Англија, додека со Глостер се радуваше на трофејот во Лига купот во 1969 година.
Some sad news to bring you.
— BBC Wiltshire Sport (@BBCWiltsSport) November 17, 2025
Former Swindon Town defender Rod Thomas has died at the age of 78. pic.twitter.com/edqQ9xDNg1