Добра вест за Фалангата: Популарни цени на билетите за мечевите на Македонија на ЕП!
Настапот на избраниците на Јошко Миленкоски предизвикува посебен интерес и поради фактот што сме во група со Бугарија, со која во моментов имаме сериозен политички проблем и против која го почнуваме учеството на континенталниот собир. Токму ова е дополнителна причина за масовна „окупација“ на Фалангата на престолнината на нашиот сосед, а во прилог на тоа е и фактот што цената на наевтиниот билет изнесува 25 евра. Тоа е влезница од трета категорија за еден натпревар, за што има и билети од 30 и 35 евра, додека цената на дневниот билет е 40, 50 и 60 евра, во зависност од местото во салата.

Малку поскапи се влезниците за мечот со кој ќе се отвори ЕП, а тоа е пресметката помеѓу „лутите ривали“ Бугарија и Македонија, за што ќе треба да се одвојат 30, 35 односно 40 евра. Билетите веќе може да се купат преку интернет.
Покрај овие две селекции, во нашата група се уште и Полска, Украина, Португалија и Израел. Пласман во нокаут-фазата ќе обезбедат четирите најдобри од секоја група.