Ѓоковиќ го суреди Ханфман и ќе се бори за титулата во Атина

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ денеска славеше со 2-0 во сетови, односно 6-3 и 6-4 против Јаник Ханфман и се пласира во финалето на турнирот во Атина.

Двајцата тенисери беа сигурни на свој сервис сè до шестиот гем, кога Ѓоковиќ изврши притисок и му го одзема сервисот на Ханфман за предност од 4-2, по што без проблеми серивраше до крајот за да слави со 6-3.

Ханфман беше подобар на стартот на вториот сет и водеше со 3-1 по брејк на сервисот на Ѓоковиќ, но Србинот возврати во следните два и направи два брејка за да го сврти резултатот во своја корист, а на крајот да триумфира со 6-4.

Ѓоковиќ во финале ќе се бори против победникот од дуелот меѓу Лоренцо Музети и Себастијан Корда.

Фото: EPA