Eден од најомилените фудбалери во светот повторно ќе игра европски фудбал!

Французинот Н’Голо Канте ќе се врати во репрезентацијата на Франција откако селекторот Дешамп го повика за претстојните натпревари од квалификаиите за Светското првенство идната година.

Канте од моментот кога блесна на големата европска сцена е познат како скромен фудбалер кој покажува вистинска борбеност во средниот ред со што собра многу симпатии низ целиот свет.

Според најавите од француските медиуми, Канте нема да биде само во составот за да пополни место, туку и ќе добие шанса во средбите со Украина и Азербејџан.

Последен пат за Франција, Канте настапи пред една година кога Франција играше на домашен терен против Израел, натпревар во рамки од УЕФА Лигата на Нации кој заврши без победник 0-0. Вкупно дресот на оваа селекција го носеше на 64 натпревари во кои постиг два гола и подели две асистенции.