Драма во второто полуфинале: Ѓоковиќ го дозна противникот во финалето!

Италијанскиот тенисер, Лоренцо Музеети по голема драма закажа финале со Новак Ѓоковиќ на турниот во Атина.

Музети во полуфиналето беше подобар од Себастијан Корда со резултат 2-1 во сетови (6-0, 5-7, 7-5) за два часа и 20 минути игра.

Музети иако тргна фуриозно и го освои првиот сет без изгубен гем, сепак на крајот едвај се извлече.

Со ас спаси меч топка во маратонскиот 10, гем од одлучувчакиот сет, пред да му го одземе сервисот на Корда по што успеа да го одлучи мечот во своја корист. Сепак и во 11. гем не помина без проблеми бидејќи на свој сервис мораше да спасува бејк топка.

Ќе потсетиме, Ѓоковиќ денеска претходно беше подобар од Германецот, Ханфаман.

Фото: EPA