Жалгирис ја среди и Валенсија, Олимпија по две продолженија подобра од Ефес

Тимот на Жалгирис сезонава е едно од најпријатните изненадувања во Евролигата на стартот од сезоната, а денеска стигнаа до седмата победа со што израмнија со Звезда и Хапоел на врвот од табелата.

По една голема борба литванскиот претставник беше подобар од шпанска Валенсија со 86-77. Предводник на тимот беше Франциско со 15 поени, 12 додаде Маодо Ло, додека на спротивната страна Монтеро и Прадиља уфрлија исто така по 15.

Вистинска драма гледавме во вториот натпревар во истиот термин во кој Олимпија Милано на гости во Истанбул го совлада Ефес по две продолженија со 97-93.

Одличен на паркетот беше Зек Ледеј со 25 поен, 24 додадее Шилдс, додека за домаќините и 34 поени на Дожер не беа доволни.