Полски гигант сериозно „загризал“ за фудбалер на Шкендија!
Имено, според информциите на албанскиот портал „Опен-ТВ“, дефанзивецот Имран Фетаи со своите настапи го привлекол вниманието на полскиот гигант Лех Познањ.
Фетаи одигра одлично и во вчерашниот натпревар во кој Шкендија беше пред победа и водеше 1-0 се до последните секунди кога Јагелонија постигна гол од својата прва посеериозна прилика.
Како што се наведува во текстот на порталот, Лех Познањ имал свои скаути на арената во вчерашниот натпревар и нивниот впечаток бил сосема солиден. Исто така се наведува и дека Фетаи веќе некое време бил следен и други европски клубови. Сепак, Полјаците се истакнуваат како фаворити и најсериозна опција.
Фетаи пред преселбата во Шкендија беше дел од Беса, Тиквеш, Гостивар и албанската Аполонија каде што настапуваше во младинските категории.