Белами ги избра фудбалерите за битката со Македонија во Кардиф

Македонија ќе гостува на Велс на 18 ноември во последниот натпревар од квалификациите за Светското првенство, а селекторот Крег Белами го објави списокот на повикани фудбалери за овој дуел.

Покрај натпреварот со Макеедонија, Велс ќе се соочи и со Лихтенштајн три дена претходно и ако во тој натпревар не слави со шест или повеќе гола разлика, тогаш на нас ќе ни одговара и реми за да имаме подобра позиција во баражот.

Белами се соочува со проблеми и за овој собир, Рамзи е надвор од комбинација поради повреда и нема да настапи, а повредени се уште и голманот Дени Ворд и десниот бек Конор Робертс.

Пред дуелот во Кардиф и Македонија ќе одигра еден натпревар, но од пријателски карактер на 13 ноември во Скопје, со Летонија.