Партизан како да се „исплаши“ да победи, Олимпијакос преку драма до триумф!

Не успеа Партизан да излезе од кризата во Евролигата и против Олимпијакос кој славеше со 80-71 иако во поголем дел од натпреварот во Грција тие беа тимот кој имаа водство.

Натпреварот донесе голема борба од самиот старт, двете екипи се менуваа во водството, а на крајот по првиот период на семафорот стоеше 20-20.

Неизвесноста продолжи и во втората четвртина кога најголемо водство имаа домаќините и тоа само четири поени на средина од четвртината. Партизан до крајот сепак успеа да се врати и да го сврти резултатот во своја корист за на одмор да замине со минимална предност од 39-38.

Третата четвртина помина во знакот на гостите од Белград освен во првите секунди до крајот на овој период беа во водство за во последниот одлучувачки период да влезат со 58-53. И тука, „црно-белите“ во најголем дел од времето имаше водство, но домаќините не се откажуваа се до последните моменти од дуелот кога Партизан како да загуби сила, а Олимпијакос тоа знаеше да го казни.

За избраниците на Жељко Обрадовиќ ова беше веќе четврти пораз во низа во најсилното европско натпреварување и вкупно петти во девет натпревари. Олимпијакос од друга страна стигна до својата шеста победа.

Не помогна за Партизан и тоа што ги имаа двајцата најефикасни на натпреварот, Вашингтон уфрли 20 поени, Џонс „броеше“ до 17. На спротивната страна Валкуп постигна 15, а Везенков 14.