Во чест на Жижовиќ: Станковски и соиграчите до крајот на годината во црно!
Имена, фудбалерите на Раднички каде што настапува и македонскиот фудбалер, Лука Станковски до крајот на календарската година во знак на почит кон својот тренер ќе играат црната комбинација на дресови и на домашните и на гостинските натпревари.
Ќе потсетиме, Жижовиќ почина откако по 20-тина минути од стартот на натпреварот му се слоши покрај теренот, беше пренесен во болница, но за жал докторите не успеаа да го спасат.
На клупата на Раднички, Жижовиќ пристигна на крајот од минатиот месец, само две недели пред трагедијата, а во минатото го водеше и Шкупи.