Познати 12 учесници во НБА Европа - нема место за Ц. Звезда и Партизан!

Генералниот менаџер на НБА Европа, Џорџ Ајвазоглу откри дека натпреварувањето ќе почне во октомври 2027 година и ќе има 12 постојани учесници.

Во разговор за италијанска „Газета дело Спорт“ претходно потврди дека екипите кои ќе учествуваат се од градовите Мадрид, Барселона, Милано, Рим, Лондон, Манчестер, Париз, Лион, Берлин, Минхен, Атина и Истанбул.

Доколку нема изненадувања, тогаш се очекуваат тимовите на Реал Мадрид, Барселона, Олимпија Милано, Лондон Тауерс, Париз, Асвел, Алба Берлин, Баерн Минхен, како и тимови од Манчестер, Рим, Атина и Истанбул.

Ваквиот развој на настаните покажува дека во НБА Европа засега нема место за гигантите од Белград, а тоа се Црвена Звезда и Партизан.