Македонија ќе го дознае противникот во баражот за СП на 20 ноември!
Македонија против Велс ќе се бори за второто место во групата за пласман на СП 2026, со што би можела да добие полесен ривал во баражот, а тоа ќе се случи на ждрепката на 20 ноември од 13.00 часот во Цирих.
СП 2026 ќе се игра со 48 репрезентација во Канада, Мексико и САД во период од 11 јуни до 19 јули идната година.