Перез тропна на вратата на Арсенал - сака една од ѕвездите, но мора да плати 150 милиони евра!

Реал Мадрид покажа интерес за еден од најдобрите фудбалери во Премиер лигата, а тоа е Деклан Рајс од Арсенал.

Шпанските медиуми пишуваат дека претседателот на „кралевите“, Флорентино Перез се обидел да преговара со „топчиите“, но тие веднаш му поставиле цена за Рајс.

Рајс може да го напушти „Емирати“ под еден услов, а тоа е ако „кралевите“ се подготвени да платат 150 милиони евра за потписот на талентираниот фудбалер за врска.

Арсенал го смета Рајс за еден од најважните фудбалери во својата екипа и затоа не планира да ја намали цената.