Зејнулаи не е тешко повреден, го чека кратка пауза! (ВИДЕО)

Арбин Зејнулаи се повреди на мечот меѓу Шкендија и Јагелонија во третото коло од Конференциската лига на УЕФА, а медицинските прегледи покажаа дека не станува збор за посериозна повреда и го чека кратка пауза.

Зејнулаи за момент ја загуби свеста на мечот против Јагелонија, откако доби силен удар в лице, но Шкендија соопшти дека фудбалерот за два-три дена ќе се врати во акција.

Да потсетиме, по ударот Зејнулаи веднаш беше заменет, а на негово место влезе Красниќи.