Де Лаурентис: Нашиот стадион е депонија за ѓубре!

Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис, го нарече домашниот стадион во Неапол „депонија за ѓубре“, тврдејќи дека клубот има потреба од модерен стадион за да ги зголеми приходите и да им овозможи подобро искуство на навивачите

Наполи минатата сезона го прослави својот втор шампионски трофеј во Серија А во последните три години, по големата битка со Интер од Милано. Домашните натпревари ги игра на стадионот „Диего Армандо Марадона“, именуван по аргентинската легенда која ги предводеше до првите две Скудета во 1987 и 1990 година, но стадионот е во сопственост на градската општина.

Говорејќи на настан организиран од миланскиот универзитет „Бокони“, Де Лаурентис ја спореди заработката на Наполи од натпревари со онаа на миланските клубови, истакнувајќи дека Милан и Интер можат да остварат по 14 милиони евра од настапите во Лигата на шампионите, додека неговиот тим многу помалку.

„Ние можеме да добиеме само околу три милиони евра  од таа „депонија за ѓубре“. Тоа е прилично голема разлика, нели?“

Италија со години се соочува со проблеми околу модернизацијата на своите стадиони, особено под притисок на странските инвеститори кои купија повеќе клубови, во пресрет на Европското првенство во 2032 година, кое ќе го организира заедно со Турција.

Оваа недела, Милан и Интер ја завршија аквизицијата на стадионот „Сан Сиро“ и околното земјиште од градските власти со што направија уште еден чекор кон негово уривање и изградба на нов, современ стадион.

„Би сакал стадион со 70.000 седишта и 8.000 паркинг-места.“, додаде Де Лаурентиис,