Ливерпул доби одлични вести пред дербито против Манчестер сити

Англискиот шампион Ливерпул доби одлични вести пред нивната пресметка против Манчестер сити во Премиер лигата, затоа што тренерот Арне Слот ќе може да смета на напаѓачот Александер Исак.

Шведскиот напаѓач последен пат настапи против Ајнтрахт Франкфурт, но имаше одредени проблеми поради кој пропушти неколку меча, но сега повторно се враќа во акција.

„Пред три недели кажав дека неговата претсезона конечно заврши. Време е да видиме до каде е. Иако нашиот тим беше одличен, сепак нема да брзаме со Исак“, вели Слот.