Шкендија има 54 отсто шанси да избори нокаут-фаза во Конференциската лига

Македонскиот фудбалски шампион Шкендија освои само бод против Јагелонија (1-1), иако имаше водство до самиот финиш на натпреварот, па по три одиграни кола има четири бодови во Конференциската лига.

На познатиот профил за фудбалска анализа и статистика беше објавено и кои екипи имаат реални шанси да се пласираат во нокаут-фазата на Конференциската лига.

Според последната анализа, Шкендија има 54 проценти шанси да се пласира во плејофот на натпреварувањето на УЕФА.

Тетовци до крајот на групната фаза на турнирот треба да се соочат против Дрита, АЕК Ларнака и Слован Братислава.