Вардар со специјално лого го прославува јубилејот – 65 години од формирањето (ФОТО)

Екипата на Вардар ќе го прославува својот 65-годишен јубилеј (формиран е 1961 година) со претставување на ново официјално лого, кое ќе биде дел од дресовите на тимот до завршувањето на сезоната.

Дизајнот има за цел симболично да ја прикаже традицијата, историјата и трофејното минато на клубот. Од Вардар истакнуваат дека новиот визуелен идентитет е омаж на сите генерации ракометари, тренери, спортски работници и навивачи, кои заедно ја градат црвено-црната приказна веќе шест и пол децении. „Клуб за сите генерации“ е пораката која ја поврзува минатата и сегашната ера на најтрофејниот македонски ракометен колектив, велат вардарци.

Клубот ја искористи и приликата за да ги повика своите верни симпатизери да присуствуваат на дербито со Алкалоид, кое ќе се одигра в недела во арената „Јане Сандански“ (18.30 часот).