Можеби навивачите на ПАО не го сакаат, ама Ѓоковиќ се забавуваше на меч на Олимпијакос (ВИДЕО)

Откако во вторникот присуствуваше на натпреварот меѓу Панатинаикос и Макаби, некогаш најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ синоќа го проследи и дуелот на Олимпијакос и Монако, исто така од Евролигата.

Пред два дена беше исвиркан од фановите на атинскиот тим, а дури и на лицето на Ѓоковиќ можеше да се забележи дека не се чувствува комотно. Сосема поинаква беше ситуацијата вчера кога повторно во друштво на својот син се забавуваше и ги пееше навивачките песни на Олимпијакос.

Интересно е тоа што Србинот му донесе среќа на ПАО, кој го победи Макаби, но не и на Олимпијакос кој загуби од Монако.