Неверојатно сценарио на повидок: Халанд си оди од Сити и потпишува со Реал? (ВИДЕО)
Бројни шпански медиуми тврдат дека тој е на излезна врата од поранешниот шампион на Англија и дека кариерата ќе ја продолжи во редовите на Реал Мадрид. Вакво сценарио е можно ако Винисиус биде продаден догодина бидејќи Реал од него ќе заработи најмалку 200 милиони евра кои потоа ќе ги инвестира во Халанд.
Халанд одамна се поврзува со Реал, а претседателот на мадридскиот клуб не ја крие својата желба да ги спои со Мбапе. Ако Винисиус си замине, тоа ќе отвори место на левата страна за Мбапе, а Халанд ќе може да игра како централен напаѓач.