Струга го победи Шкупи гостувајќи на свој терен!
Стадионот на Шкупи е суспендиран, тие треба да играат 100 километри подалеку од Скопје, а како свој терен го одбраа стадионот на Струга.
Во ова коло играа токму со Струга, па не само што немаа чувство како да настапуваа на неутрален терен, туку за нив практично ова беше гостување.
Струга го доби мечот со 2-1, а херој на мечот беше голманот на Шкупи кој се изнабрани, стружани создадоа многу шанси, постигнаа само два гола.
Резултатот беше отворен во 23. минута кога Компаоре погоди по асистенција од Воша. Со предност на Струга од 1-0 се замина на одморот.
Во вториот дел Шкупи доби пенал кој го реализираше Сухељ Мухарем и го изедначи резултатот на 1-1.
Струга ги засили нападите во обид да го врати водството, тоа им успеа во 73. минута кога и тие добија пенал. Компаоре погоди уште еднаш за победа од 2-1. За него ова беше десети гол оваа сезона.
Со оваа победа Струга се врати на првото место на табелата каде ќе биде барем до утре кога Вардар го пречекува Силекс.