Нови апокалиптични прогнози за Де Брујне - го пропушта Светското првенство
Првите прогнози беа дека тој ќе биде надвор од терените околу 3-4 месеци, но денеска Сан објави дека многу веројатно, фудбалерот на Наполи нема да биде во комбинација за настап на Мундијалот. Белгија е многу блиску до пласман на континенталниот шампионат, потребни ѝ се победи против Казахстан и Лихтенштајн во последните два натпревара од квалификациите во кои ќе биде без својот капитен.
Ако прогнозите се остварат, Де Брујне би се вратил на фудбалските терени дури идната сезона, а тоа е голем хендикеп и за тимот на Наполи кој ја брани титулата во Серија А.